(Видео) Силен град и невреме во Србија

ур.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Чачанските села Лозница, Атеница, Кулиновце, Јежевица и Бањица беа зафатени од силно невреме проследено со град што предизвика штети на земјоделските култури.


Жител од Бањица вели дека за десетина минути почнало да врне и целиот двор бил покриен со град.

Србија денеска беше погодена од силно невреме проследено со дожд, силен ветар и во некои делови со силни врнежи од град. На удар на невремето освен градот Чачак и неговата околина, беше и Краљево како и околината на Ужице и на Пожега.

„Во делови на Чачак од најсилниот облак денеска се забележани големи зрнца град! Невремето се движи од околината на Краљево кон исток и североисток. Урагански ветрови и град со пречник до 10 сантиметри, во потесното подрачје, можни се и во наредните часови“ – предупредија од метереолошката компанија Хаилц Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Метеоролошката компанија Хаилц издаде итно предупредување за најсилното невреме формирано во овој дел од годината.

Облакот се движи кон околината на Ужице и Пожега и ќе продолжи кон областа Гуча, Чачак и кон околината на Краљево. Не се исклучени парчиња град со дијаметар од 10 cm и удари на ветер од 35+ m/s.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK