Траект кој патувал меѓу грчкиот остров Крф и градот Игуменица, со 550 патници и 16 членови на екипажот, се насука денеска на северозападот на земјата, пренесуваат медиумите во регионот.
Траектот се насука ма четири наутички милји (седум километри) северозападно од Игуменица.
Крајбрежната стража и туристички брод се на терен, а на пат се и три реморкери и дополнителна поддршка, објави Катимерини.
Траектот „Агиа Теодора“ кој плови на релација Крф-Игуменица се насука во плитки води, но надлежните велат дека нема закана за безбедноста на патниците, според написите во медиумите.
Според последните информации во тој дел на Грција временските услови се мирни.