(Видео) Пукање во Босна и Херцеговина: во пекара пронајдени тела на маж и жена

Видео-Пукање-во-Босна-и-Херцеговина-во-пекара-пронајдени-тела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа две тела биле пронајдени во пекара во Завидовиќи, пишува босански Аваз.


„Во 21 часот и 17 минути полицијата во Завидовиќи добила пријава дека во улица „Златних љиљана“ било употребено огнено оружје. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот пронашла две безживотни тела на жена и маж“, потврдил Елведин Фишек, портпарол на полицијата во Зеничко-Добојскиот кантон.

Голем број полициски службеници по добиена пријава излегле на терен. Тие ги испрашуваат сведоците и се обидуваат да ги утврдат сите околности на настанот.

Пред пекарата има автомобил мерцедес со подигната хауба, но не се знае дали ова возило е поврзано со несреќата. Аваз неофицијално дознава дека мажот со иницијалите М.Х. со ловечка пушка ја убил работничката во пекарата А.Д..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK