Полицијата денеска приведе новинарот и водител на КТВ, Немања Шаровиќ, додека известувал од студентскиот камп, објави „Нова.рс“.
Според информациите, полицаец побарал од Шаровиќ да го напушти Пионер паркот поради „опасност од големо нарушување на јавниот ред и мир“. Откако новинарот одбил да замине, полицајците го извлекле од локацијата и го однеле во полициско возило.
Во изјава пред апсењето, Шаровиќ тврдеше дека не прекршил закон и дека бил присутен во паркот за да разговара со студентите кои протестираат, со цел да дознае зошто бараат продолжување на академската година.
Во врска со апсењето реагираше и пратеникот Срѓан Миливојевиќ, кој најави дека ќе ја посети полициската станица во Мајке Јевросиме за да дознае зошто новинарот е приведен.
„Очигледно, има новинари од прва и втора класа. Некои работат за режимските медиуми и партиските билтени, а други се независни и објективни. Чудно е како Александар Вучиќ покажува толкав страв од телевизијата КТВ“, изјави Миливојевиќ за оваа телевизија.
Тој додаде дека, според она што го видел, Шаровиќ не го прекршил јавниот ред и мир.