Пожарот од Електрокраина во Бања Лука се прошири и на хотел Босна, пожарникарите со голема брзина влегуваат во хотелот за да спречат ширење на пожарот, известуваат тамошните медиуми.
Еден од хотелските работници за Српскаинфо изјави дека пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а во моментов ситуацијата пред хотелот е драматична.
Полицијата ги блокираше сите улици, голем број луѓе се на улица.
Полициската управа Бања Лука утрово во 9 часот и 37 минути е известена дека има пожар во зграда“, соопшти СВР Бањалука.
Пожарот во зградата на Електрокраина избувнал на инсталациите во машкиот тоалет на првиот кат, потврди за Српскаинфо директорот на Електрокраина Драган Чавиќ.
Работниците се обиделе да го изгаснат пожарот со помош на противпожарни апарати, но не успеале. Низ инсталациите се прошири до останатиот дел од зградата“, додаде Чавиќ.