(Видео) Хрватски министер се обиде да ја бакне шефицата на германската дипломатија, таа се тргна

Видео-Хрватски-министер-се-обиде-да-ја-бакне-шефицата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман присуствуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин. Таму тој разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската унија со цел да се подготват за натамошни проширувања.


Но, по што Грлиќ Радман ќе остане запаметен на таа средба е моментот на фотографирање кога хрватскиот шеф на дипломатијата додека се ракуваше се обиде да ја бакне германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Збунета се измолкна и продолжи да гледа во камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK