Голем пожар денеска избувна во фабриката за бои, лакови и фасади „Еврројг“ во Шид, работниците се евакуирани, а според првите информации нема повредени, но се трага по еден работник.
Од полициското одделение на Сремска Митровица за Н1 велат дека пожарникарите се на терен, дека областа е обезбедена и дека патот Вашице – Шид кој води до фабриката е затворен.
Според досегашните информации нема повредени, но причинета е голема материјална штета и се слушнале голем број експлозии.
View this post on Instagram
Општина Шид апелираше до граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку е апсолутно неопходно, бидејќи се работи за фабрика за бои и лакови, а доколку граѓаните сакаат да излезат надвор, треба да носат влажна маска на устата и носот.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се уште се истражува причината за пожарот.
„Работниците се евакуирани од просторот на фабриката и се уште се трага по еден работник“, рече министерот.
Претставникот на Националното еколошко здружение, Миленко Јовановиќ, коментирајќи го големиот пожар во фабриката за бои, лакови и фасади „Еврјуг“ во Шид, за Н1 вели дека состојбата не е безбедна за граѓаните и дека е опасна по здравјето. но не се знае колку.
Општина Шид на својот Фејсбук профил соопшти граѓаните да не ги напуштаат своите домови, барем додека не се изгасне пожарот.
Според медиумите, сите надлежни екипи се на терен да го стават пожарот под контрола.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Огнот ги зафатил материјалот и производството, а се шири густ црн чад.