(Видео) Голем пожар избувна во Бања Лука, дел од градот остана без струја

pozar-bl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во населбата Дервиши во Бања Лука избувна голем пожар кој ги вознемири жителите од тој дел на градот, јавува Кликс.ба



Според локалните медиуми, пожарот ја зафатил зградата на поранешната компанија „Кристал“, во која сега се наоѓа кујната на еден од поголемите трговски синџири.

Пожарот брзо се проширил и се издигнал неколку метри над зградата, создавајќи застрашувачки сцени. Сведоците на местото на настанот ја опишаа сцената како апокалиптична, а овие тврдења се поткрепени со видеа и фотографии кои кружат на социјалните мрежи.

Поради пожарот дел од населбата остана без струја. Се претпоставува дека пожарот бил причина за прекинот. На терен беа распоредени бројни противпожарни возила и припадници на бањалучката противпожарна и спасувачка бригада во обид да го стават огнот под контрола, а полицијата го обезбедува теренот за да спречи натамошно ширење на пожарот и можни несреќи.

Причината за пожарот се уште не е позната, а нема информации за повредени лица. Истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK