(Видео) Два пожари беснеат во близина на Атина, ветрот ги разгоре, наредена е евакуација

pozarii.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите на две области во близина на Атина добија наредба да се евакуираат додека десетици пожарникари се борат со пожарите поттикнати од високите температури и разгорени од силните ветрови.


Во близина на селото Варнаве, 35 километри северно од грчката престолнина, повеќе од 190 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот, кој до доцна попладнето веќе зафатил куќи. На помош им пристигнале 40 противпожарни камиони, 11 канадери и пет хеликоптери.

Пожар избувна и во шумска област во близина на градот Мегара, западно од Атина. Поради двата пожари над делови од Атина се издигна густ кафеав чад.

Неколку други региони низ Грција се во состојба на зголемена готовност за пожари во недела и понеделник.

Стотици шумски пожари избувнаа летово низ Грција, која штотуку ги забележа најтоплите јуни и јули досега, по најжешката зима. Како и на друго место во медитеранската област, научниците го поврзуваат сè пожешкото и суво време со климатските промени.

Костас Лагувардос, директор на одделот за истражување на Атинската опсерваторија, рече дека наредните денови ќе бидат критични.

„Она што ја прави ситуацијата толку опасна е долготрајната суша и високите температури кои не стивнуваат предолго“, изјави научникот за државната телевизија ЕРТ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK