На социјалните мрежи се споделува видео на кое деца извикуваат кон претседателот на Република Српска, Милорад Додик, „Крадец, крадец“ и „Кај си крадецу“.
https://www.youtube.com/watch?v=X23-CB0BL4U
Во друштво на Додик беше и Жељка Цвијановиќ, член на Претседателството на БиХ. Таа се обиде да го оттргне вниманието од тоа откако Додик непријатно се насмеа, па ги праша децата:
„Дали се запишавте на факултет? Рано е, нели?“.
Снимката беше објавена на официјалните профили на Република Српска, но набрзо беше избришана.