(Видео) Дачиќ: На Северина не и бил одбиен влез во Србија, задржана е поради контрола

Screenshot-2024-08-26-180541.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската полиција ја запрела Северина на граница и ја задржала на разговор поради „контроверзните изјави“ кои ги дала во јавноста, а по разговорот била пуштена и и дозволиле да влезе во Србија, но таа не сакала да го направи тоа и се вратила во Хрватска.


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска даде официјална изјава во која се осврна и на овој случај. Тој потврди дека граничната полиција ја задржала Северина врз основа на список на „вербални прекршоци“.

„Северина ниту е приведена, ниту уапсена, ниту и е одбиена влез во Србија, туку е приведена поради контрола“, изјави Дачиќ.

Тој најави дека ќе побара „укинување на списокот кога станува збор за вербални прекршоци“, пренесува српски Курир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK