Белгиски планинар загина во вторникот по пад на Доломитите пешачејќи по планинскиот венец во северна Италија. 42-годишникот паднал од виа ферата, во близина на одморалиштето Кортина д’Ампецо. Падoт од 50 метри бил фатален за него.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/8b8e874f-961b-4706-944f-72920602b25b.mp4
Планинари од Македонија кои се качувале на карпите бил сведоци и ја алармирале итната помош. На местото на настанот брзо пристигнал хеликоптер, но итната помош можела само да ја констатира смртта.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/c7e33d09-4413-44e6-93c1-9c4374351cf9.mp4
Идентитет на Белгиецот е засега непознат. Бил во придружба на неговата девојка, 28-годишна Словенка.
Двајцата планинари, иако опремени, се качувале одврзани кога тој се лизнал, паѓајќи околу педесетина метри меѓу карпите.