(Видено) Авионот што принудно слета во Блеград имал дупка и оштетено крило, јавуваат српските медиуми

Видено-Авионот-што-принудно-слета-во-Блеград-имал-дупка-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авионот кој синоќа полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Диселдорф принудно слета кусо потоа. Ер Србија објави дека причината е технички дефект, но се појави видео од авионот со дупка на трупот, јавува „Н1“.


Пилотот на авионот кој синоќа полетал од Белград за Диселдорф, набргу по полетувањето побарал веднаш да слета, а „Ер Србија“ соопшти дека причините за принудното слетување се од техничка природа. Во меѓувреме, на социјалната мрежа „Икс“ се објавени неколку видеа и фотографии на кои се гледа дупката во авионот.

Поточно, дупка може да се забележи на трупот на авионот на „Marathon Airlines“, кој лета за „Ер Србија“.

Како што споделија на социјалните мрежи дел од патниците кои биле на овој лет, авионот извесно време кружел и потоа слетал. Според информациите на социјалните мрежи, во авионот имало повеќе од 100 патници, пренесува „Н1“.

„Ер Србија“, исто така, објави дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK