„Украина е таа која најмногу сака мир, а агресорот е тој кој инсистира да води војна! Таков став до медиумите во Бугарија испратија од Амбасадата на Украина во Софија.
Нивната рекација е по вчерашната изјава на бугарскиот претседтаел Румен Радев дека Киев инсистира на војна за која Европа ја плаќа сметката.
Дипломатското претставништво потсетува дека Украина е таа која страда од руска воена агресија и апелира тоа да не го користат одредени политички сили во Бугарија за „политички цели“ во претстојната кампања за локални избори.
„Сакам да биде јасно дека Украина инсистира да ја води оваа војна, но треба да биде јасно и дека цела Европа ја плаќа сметката“, изјави вчера Радев, јавија бугарските медиуми.