Училиштата во Сараево веќе еден месец добиваат закани за бомби

1-21.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Редовната настава во неколку средни училишта во реонот на Сараево денеска повторно мораше да биде прекината откако добија закани за бомби, со што се потврди дека претходната полициска истрага и бројните апсења на малолетници не го решиле овој проблем кој интензивно трае веќе еден месец.


„Полицијата ги претресува училиштата, а за се е информирано обвинителството“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпаролка на полицијата на Сараевската жупанија.

Ова е веќе четврта недела во која во училиштата во Сараево пристигнуваат закани за поставени бомби, па според утврдените процедури наставниот процес мора веднаш да се прекине и специјализирани полициски екипи да излезат на терен за да извршат увид. Сите извештаи досега се покажаа како лажни, но наставниот процес е загрозен, а повеќето училишта во такви ситуации прибегнуваат кон онлајн моделот на настава како што се практикуваше за време на пандемијата.

Заканите за бомби до училиштата најчесто доаѓаат преку е-пошта од лажни адреси или други онлајн платформи, а полициските истражители со недели трагаат по испраќачите, кои тешко можат да се пронајдат.

Досега, сепак, успеале да идентификуваат и приведат 12 такви лица. Само еден од нив бил полнолетен и имал 18 години, додека сите други биле малолетни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK