Убиени две жени во Загреб

Мандарини-со-пестицид-отровен-сок-и-вода-во-кафуле-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово имало пукање во Загреб во кое е убиена жена. Потоа во друг дел од градот било пронајдено тело на уште една жена.


Телото на жената е пронајдено на загрепска Трешњевца, соопшти полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека смртта на жената е последица на кривично дело.

Покрај тоа, рано утринава во пукотница е убиена една жена.

„Денеска, 5 април, околу 07:25 часот во месноста Максимир, маж испукал истрел од огнено оружје во стан при што повредил член на семејството. Полициски службеници ја извлекле повредената жена од станот, и била укажана лекарска помош. Осомничените се под полициски надзор“, соопштија од полицијата.

Како што подоцна беше соопштено од Јавното обвинителство на Загреб, жената починала во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK