Во Србија околу 11 часот во тепачка со врсник на поткровје од куќа во Нишка Бања е убиено 13-годишно момче. Момчето било избодено од врсник.
Се се случило во домот на момчето кое е осомничено дека му нанело фатални повреди на соученикот. Како што пишуваат српските медиуми, семејството на осомниченото момче имало лош глас.
Семејството било познато по насилство, а малолетникот подолго време носел нож со себе. Засега не е познато кој би можел да биде мотивот за тепачката.
Второто момче е пренесено во болница и е во шок, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај.