Поминаа речиси три месеци откако Нермин Сулејмановиќ изврши тројно убиство во Градачац, по што следеше самоубиство. Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и Денис и Ѓенгиз Ондер. Тој рани и три лица. Убиството на сопругата го пренесуваше во живо на Инстаграм.
Телото на Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла и тој не е погребан, потврди за Аваз првиот човек на Комеморативниот центар Фарук Латифагиќ.
Латифагиќ вели дека чувањето на телото на Сулејмановиќ во фрижидер досега чини речиси 1.529 евра, а трошоците ќе треба да ги плати градот Градачац.
Директорот на Комеморативниот центар во Тузла тврди дека чичковците и братучедот на Сулејмановиќ со месеци бараат да биде погребан, но никој не сака да даде гробно место.
„Дури и Градот е спремен да плати за се. Но, никој не дава место за погреб, така што засега нема ништо од погребот. Дозвола за погреб има, но без гробно место сѐ уште се чека. Градот ќе сноси овие трошоци за чување на телото. Таква е процедурата. Сè им е фактурирано“, изјави Латифагиќ за Аваз.