Во полициската акција „Армагедон“ на територијата на Србија се уапсени група педофили кои злоупотребувајќи го интернетот извршиле кривични дела на штета на девојчиња и момчиња, а меѓу нив е бегалецот В.Б.(57), кој е еден од повлијателните твитерџии.
Нивните жртви биле деца на возраст од 3 до 14 години.
Се сомнева дека уапсените преку социјалните мрежи разменувале фотографии и снимки од малолетници, а полицијата им одзела неколку компјутери.
Уапсениот твитерџија има речиси 10 илјади следбеници на својот профил, а секојдневно објавува и е многу активен. Неговите објави се претежно критики за власта и фотографии на високи државни функционери, но и новинари и уредници на медиумите. Секоја објава има десетици коментари и повеќе од 100 реакции.
Во акцијата се одземени компјутерите на осомничените и прибавени се конкретни материјални докази за одредени кривични дела.