Најмалку тројца мигранти загинаа, а најмалку 25 се водат како исчезнати откако бродот со кој го преминаа Средоземното Море кон Европа денеска потона во близина на грчкиот остров Самос.
Досега се спасени пет мигранти, а во потрагата се вклучени четири брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер, која се уште е во тек, пренесува Ројтерс.
Потрагата продолжува во северозападниот дел на островот, во близина на населбата Агиос Исидорос.