Три земјотреси за еден час: се тресеше во Грција


Screenshot-2025-03-27-151105.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија Патра, на западот на Грција, јавува „Катимерини“.


Сите три земјотреси се случиле за околу еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12 часот и 21 минути со измерени 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Вториот земјотрес се случи во 13:11 часот и беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, додека третиот земјотрес беше регистриран во 13:14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK