Трагедија во Црна Гора, загина млад брачен пар

Трагедија-во-Црна-Гора-загина-млад-брачен-пар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Четири лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во црногорското место Брезојевица, на патот кон Плав. Младиот брачен пар – Мерсин Х. и неговата сопруга Елдина загинале на местото на несреќата. Настрадале уште двајца мажи. Несреќата се случила синоќа во 19:35 часот.

Претседателот на општина Плав, Нихад Цановиќ донесе одлука да прогласи Ден на жалост.

Во несреќата загинаа брачниот пар Мерсин Х. и неговата сопруга Елдина. Тие биле во автомобил во кој директно удрил камерман кој се враќал со колега од правец на Рожај. Како што изјавил извор близок до истрагата за порталот Република.рс, брачната двојка дошла на одмор од Германија за да ги помине празниците со семејството.

„Оделе од спротивен правец, а камерманот и колегата од Рожај. Снимале свадбена колона. Бидејќи тој дел од патот е рамен, возеле малку побрзо и директно удриле во автомобилот во кој бил брачниот пар. Трагедијата е што тие очекувале бебе, а тој ден отидоа на лекар во Беране“, изјави за „Република“ извор близок до истрагата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK