Трагедија во Црна Гора: маж загина кога активирал бомба, повредена и неговата сопруга

Screenshot-2024-08-29-120429.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж во Црна Гора загина откако активирал бомба во близина на неговата куќа во градот Годијево, пренесува порталот „Аналитика“.



Трагедијата се случила утрово, кога била повредена и неговата сопруга.

Како што изјавиле од Полициската управа, таа е надвор од животна опасност.

„Мажот П.Р. од Годије кај Бијело Поље утрово активирал бомба во близина на неговата куќа, при што се здобил со тешки повреди и починал. Повредена е жена која била во непосредна близина, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност“, е потврдено за агенцијата „РИНА“.

Понатамошната истрага ќе ги утврди сите околности кои довеле до овој трагичен настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK