Драган Кобиљски, таткото на девојчето Ема кое беше убиено на 3. мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“, на својот Фејсбук профил се огласи за наводите дека семејството Кечмановиќ сака да даде донација за меморијалниот центар што се планира да биде изграден, во знак на сеќавање на убиените деца и чуварот во српското училиште.
„Сè уште не можам да го разберам обидот за релативизирање на грозоморното злосторство на Кечмановиќ и нивниот адвокат, наведувајќи ја навидум желбата на семејството Кечмановиќ да даде донација за меморијалниот центар на застреланите деца. Ова преку адвокатите ни го кажуваат луѓето кои не се ни појавиле да ги споделат нашите најдлабоки страдања, што уште еднаш го потврди целосното отсуство на сочувство и општествена одговорност. Ми преостанува само да ги смирам и да им порачам: Веќе се изјаснивме дека ќе ги издвоиме сите можни обештетувања за хуманитарни цели, за да не се грижите за донацијата за општествено добро. Кога станува збор за меморијалниот центар, направивте повеќе од доволно, бидејќи без вас меморијалниот центар не би постоел. Вие сте целосно одговорни за него, затоа бидете мирни и таму“, напиша Кобиљски.
Драган Кобиљски е татко на ученичка која на 3 мај минатата година беше убиена од К.К.(14) во училиштето „Владислав Рибникар“. Во масакрот во „Рибникар“ загинаа 10 лица, односно девет ученици и чуварот.
Родителите на учениците се гонат за трагедијата во „Рибникар“, а одбраната треба да ја дадат денеска.