Синоќа нешто по полноќ во Призрен е уапсен татко кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата ќерка (21) и и нанел повреди опасни по живот.
Регионалниот полициски центар во Призрен потврди дека А.Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е.Ш по расправија под дејство на алкохол нанесувајќи и повреди на грбот.
Таа е во критична состојба и лекарите во болницата во Призрен се борат за нејзиниот живот.
Случајот е окарактеризиран како обид за убиство.
Како што подвлекоа, таткото бил во алкохолизирана состојба и по наредба на надлежен обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа.