Свечља ги поврзува протестите во Белград со најавениот протест на ветераните на ОВК за денеска во Приштина

svechlja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља денеска изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја губи битката на теренот во однос на премиерот Албин Курти, поради што се враќа на хибридната војна преку која, како што наведе, се обидува да поттикне немири во Косово.

Во таа смисла, тој се обиде да ги поврзе протестите против насилството во Белград со протестите на ветераните на ОВК денеска во Приштина.



„Чудно е како протестот (на ветераните на ОВК) да се организира в сабота, во исто време со протестот во Белград што се организира таму против Вучиќ“, напиша Свечља на Фејсбук.

Тој додаде дека денеска останува да се види дали граѓаните на Косово ќе го задржат „своето лично достоинство и положбата на државата или ќе паднат во оваа замка на хибридната војна на Србија“.

Свечља тврди дека Вучиќ го губи влијанието во северниот дел од Косово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK