Стејт Департмент: Одлуката на косовската влада да прогласи терористички организации е неусогласена со САД

SAD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ за терористички не е донесена во координација со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во одговорот на Стејт департментот до Глас на Америка.

„Требаше да се координираат со најблиските меѓународни партнери, вклучувајќи ги и оние чија примарна одговорност е да се обезбеди стабилност на Косово. Уште еднаш го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани потези во време кога работиме со сите страни за решавање на актуелната криза“, се наведува во одговорот  до албанскиот сервис на Глас на Америка.


Беше посочено и дека САД го осудуваат   неприфатливото насилство врз трупите на Меѓународната мировна мисија на НАТО на Косово (КФОР).
„Оние кои се одговорни за нападите треба да бидат кривично гонети – следејќи ги пропишаните процедури и со целосна транспарентност“, се наведува во одговорот на Стејт департментот.

Косовските власти вчера ги прогласија организациите „Граѓанска заштита“ и „Северна бригада“ за терористички организации, тврдејќи дека нивните членови се одговорни за немирите на северот на Косово и претставуваат закана за уставниот поредок и безбедноста.

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите во северниот дел од државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK