Српската влада со помош во надминување на хуманитарната катастрофа во Херсонската област во Украина

srbija vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Србија денеска донесе голем број одлуки во врска со помошта како одговор на надминување на хуманитарната катастрофа во Херсонскиот регион во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Новата транша хуманитарна помош за оваа земја, меѓу другото, ќе опфати и донација на стоки и лекови од Републичката дирекција за стокови резерви и стоки од Комесаријатот за бегалци и миграции, се наведува во соопштенеито на прес службата на владата.


Исто така, Владата на Република Србија донесе заклучок со кој се одобрува привремена заштита за прием на граѓани на Украина погодени од ситуацијата во Херсонскиот регион во Украина.

Воедно, како дополнителна форма на поддршка, летово ќе се организира спортски рехабилитационен камп за младинските и детските екипи на Фудбалската академија „Динамо“ од Киев. Владата на Република Србија одобри средства за организација на летниот камп кој ќе опфати сместување, исхрана, тренинзи и фудбалски натпревари,се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK