Србите го извлекоа првиот нацистички брод од дното на Дунав

nacisticki-brod-srbija-dunav.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот брод од потопената германска речна флота од Втората светска војна е извлечен од дното на Дунав кај Прахово, објави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и најави дека овие операции ќе продолжат и во наредните месеци.



Весиќ рече дека германските сили ги потопиле нивните речни флоти на Дунав и Црно Море во 1944 година со цел да го отежнат навлегувањето на Црвената армија во Дунав. Тој најави дека од Дунав ќе бидат извадени вкупно околу стотина нацистички бродови.

View this post on Instagram

A post shared by Горан Весић (@vesicg)

„Секој брод што е изваден се подложува на детална проверка со демонтирање на експлозивните направи што останале во нив. Фотографиите од првиот брод покажуваат колку експлозивни направи останале на бродовите. Сето ова било во Дунав осум децении, “, изјави Весиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека Црвената армија отстранила дел од бродовите со цел да го ослободи водениот пат на крајот на 1944 година, а потоа во пролетта 1945 година. „Оттогаш, речиси осум децении, ништо не е направено во однос на извлекувањето на германската нацистичка речна флота“, истакна Весиќ.

Кога ќе заврши процесот, јавноста ќе може да види дел од потонатата флота, која 80 години ја отежнува пловидбата во тој дел на Дунав.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK