Србин се удави во Шпанија: Отишол на одмор кај синот, па починал во морето

more.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србин (77) се удавил на море во Шпанија, каде бил со синот на одмор. Според шпански портал, трагедијата се случила вчераутро на плажата Рако де Куљера.



„Маж со српско потекло, кој бил на одмор во станот на неговиот син, се удавил во морето. Во 11:30 часот е известен Ургентен центар дека лицето кое било на плажа има симптоми на давење“, пишува Леванте-емв.

Спасувачите се обиделе да му помогнат на човекот, како и медицинскиот персонал на плажата. Набрзо пристигнала и полицијата.

Лекарите вршеле реанимација 40 минути, но за жал не успеале да го оживеат“, пишуваат локалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK