Според бугарскиот премиер, проруската партија „Преродба“ е неофашистичка

zname
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ја означи проруската партија Преродба, која дејствува во Бугарија, како неофашистичка организација.

„Неофашистичката партија беснее во Националното собрание, парадира во националните медиуми. Објавена е војна против европските вредности, кои се и бугарски. Бугарија ќе ја изгуби битката за својот европски идентитет, без храбар проевропски став на медиумите“, рече Денков, пренесува Еурактив.


Порталот додава дека партијата и нејзиниот лидер Костадин Костадинов неодамна ја заострија својата агресивна реторика, додавајќи дека за време на протестот предводен од нивните членови, била вандализирана канцеларијата на Европската унија во Софија.

Во исто време, пратеникот на „Преродба“ Емил Јанков рече дека политичките противници ќе ги праќа во концентрациониот логор од времето на комунизмот – Белене.

Бугарскиот премиер оваа недела е во посета на Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а во четврток и петок ќе учествува на самитот на Европската Унија.

Според Еурактив, за време на средбата меѓу Денков и Фон дер Лајен, „слонот во собата“ ќе биде референдумот што го започна Препород против влезот на Бугарија во еврозоната.

Правно гледано, референдумот не може да ја поништи обврската што Бугарија ја презеде согласно договорот за пристапување во ЕУ, но опозициската партија сака да го одложи пристапот до 2043 година, кога приходите на Бугарија ќе бидат поблиску до приходите на побогатите земји во Унијата.

Теоретски, референдумот би можел да се одржи уште оваа есен, паралелно со локалните избори.

Според изворите на Еурактив, претставниците на ЕУ очекуваат бугарската влада да го ублажи ризикот од референдумот и да биде поактивна во спротивставувањето на руската пропаганда и дезинформации.

Новиот министер за правда, Атансас Славов, рече дека Бугарија „како демократско општество не може да дозволи насилството во политичкиот процес да стане норма, бидејќи тоа води кон компромитирање на самата идеја за уставна демократија“. Но, и тој и премиерот Денков ги повикаа истражните органи да покренат истрага против „Преродба“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK