Со врачување на Почесното Рациново признание за 2023, во Велес ќе бидат затворени 60–те јубилејни Рацинови средби

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради лошите временски услови и дождот кој се очекува вечер, затворањето на 60-те јубилејни Рацинови средби наместо на отворено во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе се одржи во големата сала во Општина Велес, со почеток во 20 часот, информираат од Општината.

На свеченоста ќе биде врачено Почесното Рациново признание за 2023 на Пламен Тотев од Бугарија


Наградата како што беше појаснето во образложението на жири комисијата на средбите, му се доделува за посебен придонес кон преводот од македонски јазик, издавањето на публикации и промовирањето на македедонската книжевност и култура во Бугарија.

Пламен Тотев е литературен критичар и истражувач, издавач и автор на текстови на популарни песни во Бугарија. Роден е на 23 март 1964 година во градот Ловеч. Дипломирал бугарска филологија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“. Специјализирал историска поетика на бугарската книжевност. Објавил бројни написи од книжевна критика.

Во издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, до 2023 година издал 55 книги преведени од македонски на бугарски јазик од 34 македонски автори.

На затворањето ќе се одржи и традиционалниот меѓународен поетски митинг.

Годинава Рациновите средби под слоганот „Рацин-без компромис“ се одржуваа со богата програма која започна на 9 јуни, а ќе заврши вечер на 15 јуни.

Организаторите Општина Велес и градоначалникот Марко Колев како и ЗГ „Плус публика“, кое доби делегирана надлежност за организирање на оваа реномирана културна манифестација вечер на затворањето со слободен влез ги покануваат сите заинтересирани граѓани.

Концертот на Зарина Првосевда кој требаше да се одржи вечер на отворено е презакажан за 20 јуни во 20 часот на отворено во реновираниот Амфитеатар на Младинскиот парк во Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK