Со УКАЗ на Министерството за народно обрзование на Бугарија, исфрлени се буквите-литери Ѣ, ѣ и Ѫ, ѫ од употреба

ukaz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќето од вас биле дел на напади од Бугарските шовинисти за тоа како нашата азбука била кодифицирана во 1945, но она што го премолчуваат, а со тоа ја фалсификуваат вистината е дека и нивната денешна азбука ја добила оваа форма во февруари 1945 година.

Односно со УКАЗ на Министерството за народно обрзование на Бугарија, исфрлени се буквите-литери Ѣ, ѣ и Ѫ, ѫ од употреба, па властите во Бугарија морале да ги научат како да ги изговараат новите зборови, каде биле употребувани овие букви.


Да, ова не е кодификација, но е реформа на Бугарската азбука, после која ниту тие не можат на современ бугарски да го напишат името на Гоце Делчев, на пример.😉
Тоа што македонската азбука била кодифицирана во 1945, воопшто не значи дека не постоел македонскиот јазик, говор и неофицијална азбука – доказ за тоа се Мисирков, Пулевски, Кочо Рацин, Чернодрински, Чуповски, Наце Димов…
Македонската азбука ги следи Мисирковите заложби за формирање азбука и говор од централното македонско наречје. Разликата е во тоа што кога Мисирков творел централното наречје било етничка Македонија, а во 1945 Македонија е ослободена само во Вардарскиот дел, па оттаму и азбуката е прилагодена на централното наречје на Вардарскиот дел на Македонија со стандардизирани граматички правила, со кои говорите од Егеј, Пирин и Мала Преспа лесно се адаптабилни на македонскиот правопис.

Овие букви, “литери”, Џинот, уште во првата половина на 19 век, предложил да се исфрлат во книжевниот јазик, “оти тие на говорителот, како на мртовец, му ја врзуваат устата”. Македонските пишувачи, освен црковнословенската, ја користеле и граѓанската азбука, за на тој начин да се претстави реалниот изговор за буквите, односно да се предаде живиот македонски говор.
Благодарност до А.Ф. за анализата и документот.

#ниесмемакедонци
#човекотучидодекаежив
#бугарскаазбука

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK