„Снегот паѓа толку силно што не се гледа прст пред око“ – Црна Гора во колапс

„Снегот-паѓа-толку-силно-што-не-се-гледа-прст-пред.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Снегот што паѓа во Црна Гора предизвика колапс во сообраќајот на делницата од автопатот „Принцес Ксенија“ што ги поврзува Подгорица и Колашин.


На местото на настанот веднаш излезе колона со снежни машини за што поскоро нормализирање на сообраќајот.

– Снегот паѓа толку силно што не се гледа прст пред око. Снегот за среќа не ги изненади патниците, па наскоро ќе ја поминеме критичната точка и ќе стигнеме до Подгорица – изјави за агенцијата РИНА Ненад Ристовиќ од Пријепоље.

Освен на автопатот снег падна и на повисоките точки на северот на Црна Гора, но сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.

Највисока снежна покривка во моментов има во Жабљак, каде во некои делови е висока и до половина метар.

Главните сообраќајници засега се проодни, а целата механизација е на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK