Симпсонови, Тања Голешиќ и „Волкот од Волстрит“ ја воодушевија публиката на Weekend.16

Weekend atmosfera_Emica Elvedji, PIXSELL
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ровињ, 23 септември 2023 г. – Сали исполнети до последно место, атрактивни предавачи и панелисти од петнаесет земји и вљубеници во Weekend атмосферата, како и најдобрата фестивалска програма го одбележуваат викендот во Ровињ и 16-тото издание на Викенд медиа фестивалот под генерално покровителство на Групацијата Адрис. На теми од областа на креативниот бизнис, медиумите, вештачката интелигенција, маркетингот и социјалните мрежи и денеска се дискутира на просторот на стариот Тутунски комбинат, каде може да се најдат одговори на горливи прашања, трендови во современиот бизнис, како и загарантирана забава на најдобриот Weekend во годината.

Публиката беше воодушевена од оригиналниот „Волк од Волстрит,“ Џордан Белфорт, кој зборуваше преку видео-врска од Мајами и одговараше на прашања, како што се: дали може да се научи продажбата и како да се прифатат неизбежните грешки во бизнисот. „Целиот успех започнува со она што го имате во вашата глава. Важно е како управувате со вашите емоции и како се мотивирате да бидете најдобрата верзија од себе“, вели Белфорт. Сосема поинаков поглед на светот беше овозможен со уникатното предавање на воениот фотограф – Јан Граруп, чија работа вклучува децениско искуство во фотографирање воени опкружувања и природни катастрофи. Граруп смета дека фотоновинарството е една од најмоќните алатки за пренесување на драматични приказни и дека квалитетното воено новинарство не треба да дава одговори, туку да ги поттикнува луѓето да поставуваат прашања. Увид во своето деловно патување ни даде и кралицата во светот на луксузната мода – Тања Голешиќ, која во разговор со Јелена Вељача на панелот „Правила на луксузниот пазар,“ ги објасни сите пречки на кои наишла на нејзиното деловно патување и како се гради луксузен моден бренд во свет кој брзо се менува. Ако не ги сакате промените, модната индустрија не е за вас!“, заклучи Голешиќ. Инспиративното предавање на Аљоша Багола, поранешен креативен директор и признат експерт за личен развој, ја потсети публиката дека денешната технологија често нé става во ситуација кога мораме секогаш да бидеме достапни на нашите мобилни уреди, а пораките и повиците честопати започнуваат со извинување што не сме достапни веднаш. Тоа ја остави публиката со прашањето – дали мора да бидеме толку зависни од мобилните телефони?


Weekend ја продолжува серијата на добро расположение и носи нови актуелни теми. Саботата започна со темата за FINTECH на панелот „FINTECH – future of banking,“ каде Максимилијан Тајентал, потпретседател на одборот и оперативен директор на N26 AG, Хрвоје Ќосиќ, извршен директор на Aircash и Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската народна банка, модерирани од Деканот на ЗШЕМ, Мате Нјавра, открија што мислат за понатамошниот развој на дигиталните пари, но открија и неколку интересни податоци. „Иднината на банкарството е дефинитивно дигитална, трансформацијата премина од офлајн на онлајн, а потоа се прелеа во доменот на паметните телефони. Ќе видиме што носи иднината“ – изјави Тајентал. Деканот на ЗШЕМ ќе разговара и со Кишоре Махбубани, поранешниот претседател на СБ на ОН и експерт за меѓународни односи, па на панелот „Дали Западот изгуби,“ ќе отвори дијалог за клучните прашања на современото општество под влијание на предизвици, како што се војната во Украина, климатските промени и технолошкиот напредок.

Тема ќе бидат и претстојните избори за Европскиот парламент, па главниот директор на службата за комуникации и портпарол на Европскиот парламент Жом Дух Гило преку панелот „Не скролај, туку заокружи“ со модераторот Хрвоје Крешиќ, репортер на Нова ТВ, ќе се погрижат публиката да добие слика за исклучително предизвикувачкиот геополитички контекст во кој таа ќе биде водена следната година, но и младите гласачи да разберат колку се важни нивните гласови и излезност.

Саботата, исто така, носи неколку панели со медиумска тематика, од кои едниот е наречен „Нешто старо, нешто ново,“ каде што експертите од ТВ индустријата ќе разговараат за искуството од преминот од телевизија на социјалните мрежи, додека панелот „Контроверзен претприемач ќе го допре начинот на кој медиумите ја обликуваат перцепцијата за претприемачите. Александар Станковиќ ќе ја претстави книгата „Депра“ и ќе зборува за својот однос кон болеста со која живее повеќе од 10 години.

Панелот „Open about AI“ ќе ги собере најдобрите домашни експерти од областа на вештачката интелигенција, а Борис Јокиќ, директор на Институтот за социјални истражувања, ќе одговори на прашањето: дали растењето, младите и образованието можат да ги преживеат вештачката интелигенција и TikTok, со предавањето „Наскоро ќе има пропаст на светот“.

Саботата носи доза на смеа со најдобрите регионални стенд ап комичари: Горан Винчиќ, Тино Водопивец, Пеѓа Бајовиќ, како и омилениот новинар и водител Зоран Кесиќ, во панелот „Што е толку смешно?“ Регионални теми ќе допрат и учесниците на панелот „Трап од Вардар до Триглав,“ кои ќе зборуваат за феноменот трап, кој успеа да влезе во мапата на најстримуваните музички жанрови во светот, но и на нашите простори. Публиката во Ровињ сигурно ќе се смее во програмското финале на Weekenda.16 со неколку гафови на Хрвоје Бујас, претседател на УГП, Јошко Локас, водител и продуцент на ХРТ, Никола Дујмовиќ, основач и директор на компанијата „Спан“ и Хрвоје Ќосиќ, извршен директор на Aircash, кои на новинарот и претприемач Петар Стефаниќ ќе му ги откријат своите помалку успешни приказни како дел од панелот „Пушилница 2.0“.

Саботата ќе заврши со уште една вечер исполнета со најлуда атмосфера, овој пат со холандско-новозеландската сензација, бендот My Baby, кој веќе подолго време ја освојува регионалната публика со своите бројни настапи. А забава до раните утрински часови ќе овозможат диџеј Медо и Турк, Зембо Латифа и специјален гостин од RNB Confusion, кои оваа година слават 20 години постоење.

Повеќе детали, како и целата Weekend програма, можете да најдете тука, а сите новости можете да ги следите преку официјалните профили на фестивалот на FacebookInstagram и Linkedin .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK