Што снимија камерите на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ: во обвинителството пристигнаа вештачења, откриено е што се гледа на безбедносната снимка

Screenshot-2024-09-10-151031.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ наскоро привршува со оглед на тоа што и официјално пристигнаа последните резултати од прегледот на надзорните камери во Бањско поле и Бор.



„Надлежното обвинителство најави нови прегледи со камери, а станува збор за снимката преземена од камерите на куќата во Бањско поле каде последен пат е видено девојчето, како и надзорните камери на зградата во Бор каде Данка Илиќ живеела со нејзините родители и братот, како и оние пред вратата на нивниот дом“, вели изворот на Курир.

Како што открива, резултатите од вештачењето на овие надзорни камери покажале кој ја зборувал вистината кога давал исказ пред надлежното обвинителство.

„На снимката пред вратата од домот на семејството Илиќ може да се види моментот кога мајката Ивана излегува од станот и со двете деца влегува во лифтот на зградата, за камерата на зградата да го сними делот кога Ивана ги става Данка и нејзиниот брат во автомобилот и заедно се упатуваат во правец Бањско поле“, вели изворот и додава дека се што снимиле овие камери е споредено со изјавите на родителите на Данка и дека во тоа не е забележано ништо чудно.

„Времето кога Ивана изјави дека ја напуштила зградата и се упатила кон Бањско поле се совпаѓа со времето снимено на снимката од надзорната камера од нивната зграда. Никој сомнителен немаше наоколу, ниту пак некој отиде со нив тој ден“, вели соговорникот.

За потсетување, во Бањско поле камерите го снимија службеното возило во кое се наоѓаа осомничените, а досегашните резултати од вештачењето на службениот автомобил покажаа дека во него не е пронајдена ДНК на девојчето.

„Анализите покажаа дека има само траги од осомничените, но не и од Данка. ДНК траги биле изолирани и од нивната гардероба и алати од нивните домови, но ниту таму немало ДНК од Данка. А бидејќи, како што се сомнева, Данка била удрена од службениот автомобил на Водовод Бор во кој има вграден ГПС уред, бил прегледан за да се утврди патеката на движење на осомничените. Вештачењата се направени за 26 март, но и за следните три дена. Но, и тие не беа од големо значење за истрагата“, потсетува соговорникот.

Од друга страна, новите резултати од прегледот на камерите во Бањско поле покажаа движење на други возила кобниот ден, по патот кој води до напуштеното пасиште каде последен пат била видена Данка.

Што беше утврдено со анализата на камерата?

„На снимките кои подоцна беа земени од надзорните камери во Бањско поле беа забележани одредени возила. Но, со понатамошни анализи е утврдено дека нема совпаѓања, односно лицата кои биле видени во автомобили во Бањско поле немаат никаква врска со Данка Илиќ, ниту со осомничените за нејзиното убиство, па претпоставуваме дека нема да има дополнителни проверки, особено што сите сведоци кои биле доведени во евентуална врска со малата Данка, веќе се сослушани“, објави српски Курир.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ од Бор исчезна во селото Бањско Поље кај Бор на 26 март и оттогаш се води како исчезната. Полициската истрага утврдила дека таа е убиена, а осомничени за тоа убиство се Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука, работници на ЈКП „Водовод“ во Бор. Сепак, иако истрагата се уште е во тек, рокот за покренување обвинение е пред истекување, а некои прашања се уште остануваат неодговорени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK