Семејството на масовниот убиец Урош Блажиќ пред суд: сите одбија да сведочат, обвинителот бара казна

Screenshot-2024-09-27-111356.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето на Урош Блажиќ (22), обвинет за убиство на девет лица и тешко повредување на 12 други на 4 мај минатата година. Во судницата се присутни Стефан Марковиќ, кој во овој масакр загуби двајца браќа, како и Билјана Блажиќ, мајка на Урош Блажиќ, неговиот дедо, брат, снаата и поранешната девојка Анастасија Ѓ.



На говорницата прв пријде Најдан Блажиќ, дедото на масовниот убиец од Дубона, кој изјави дека не сака да сведочи, додавајќи дека стои на се што кажал претходно во Смедерево.

Билјана Блажиќ, мајка на Урош Блажиќ, изрази сочувство до семејствата на убиените деца, но нагласи дека нема да сведочи.

„Изразувам сочувство до семејството, но нема да сведочам, ова многу се злоупотребува, затоа нема да сведочам“, кратко изјави Билјана Блажиќ.

Тогаш во судницата дојде Марко Блажиќ, брат на Урош Блажиќ, кој исто така изјави дека не сака да сведочи. Како што заминуваше, го погледна својот брат.

Одби да сведочи и Жељана Блажиќ, снаата на Урош Блажиќ.

Вршителот на должноста обвинител Иван Конатар смета дека семејството Блажиќ треба да ги сноси последиците.

„Не навлегувам во тоа, тие го искористија своето законско право, меѓутоа, она што ме тера да го кажам ова сега. Билјана Блажиќ рече дека изразува сочувство и дека дала изјава која се злоупотребува. Сите членови на семејството Блажиќ го покажаа својот став, недостаток на сочувство кон жртвите. Вчера ги немаше, а денеска дојдоа да ја пролонгираат постапката, мислам дека треба да бидат казнети“, вели Конатар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK