Членовите на семејствата на Србите загинати во конфликтот на 24 септември во Бањска ги презедоа нивните посмртни останки, соопшти денеска РTС.
Обдукцијата е завршена во Институтот за судска медицина во Приштина, а еден од правните застапници на семејствата на убиените Срби при собирањето на телата изјави дека резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за 15 дена.
Семејствата ги однесоа телата на жртвите пред Институтот за судска медицина.
Во конфликтот меѓу косовската полиција и вооружени лица во селото Бањска на 24 септември загинаа тројца напаѓачи и полицаецот Африм Буњаку.