Седница на Советот за безбедност на Косово по апсењето на полицајците од страна на Србија

kosovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот за безбедност на Косово започна утрово, нешто по осум часот, седница посветена на ситуацијата создадена по вчерашното апсење на тројцата припадници на косовската полиција од страна на српски сили на границата меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полицијата на Косово објави дека српските сили вчера извршиле „класично киднапирање“ на нејзини припадници, во Лепосавиќ во северно Косово, во област каде што криминални гртупи вршат шверц на стоки од Србија.


Седницата на Советот, што се одржува во Владата на Косово, ја свика и ја води премиерот Албин Курти, а на неа присуствуваат вицепремиерот Бесник Бислими, министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, директорт на Агенцијата за контраразузнавање, Петрит Ајети, министерот за одбрана Арменд Мехај, министерката за правда, Албулена Хаџиу и министерот за финансии, Хекуран Мурати.

Задача на Советот за безбедност е да препорача безбедносни политики и стратегии за надлежните органи и институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK