Се уште гори во Осиек: Анализата покажа загадување на воздухот

Се-уште-гори-во-Осиек-Анализата-покажа-загадување-на-воздухот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се уште гори пластика во компанијата „Драва интернешнл“ во Осиек, а од општина Антуновац соопштија дека првите резултати од анализата за квалитетот на воздухот покажале дека има загадување.


Со оглед на тоа што имаше неповолни временски услови, смог и магла се спушти на подрачјето на општина Антуновац, се очекува препорака од Штабот за цивилна заштита, информираат од месната заедница. Се молат граѓаните да ги почитуваат издадените упатства и да не се изложуваат непотребно на отворен простор, пренесуваат хрватските медиуми.

Во Антуновац и Ивановоц денеска нема настава, а пожарникарите се надеваат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот изутрината.

Пожарникарот Горан Ивковиќ рече дека го намалиле интензитетот на горењето, но има големи наноси и не можат да навлезат во длабочината на пожарот со средство за гаснење, поради што чадот ќе трае со денови.

Мобилниот тим на загрепскиот наставен институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ ги покажа резултатите од синоќа кои покажуваат дека воздухот во Осиек и Бријесто не е загаден.

– Опасноста нема да помине ниту денеска, ниту утре, ниту задутре. Остануваат пловечки честички, кои на крајот ќе паднат на оддалеченост од местото на пожар, што зависи од јачината на ветрот и ќе ги контаминираат градините и населбите. Препорачувам луѓето да не го консумираат тоа што останува на дрвјата и во бавчите, а доколку треба добро да го измијат – предупреди раководителот на жупаниската епидемиолошка служба, Никола Краљик.

Тој посочи дека најголемо количество честички отишле во атмосферата, но дека треба да се дисциплинира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK