Во Сисак се урна дел од зграда која е во фаза на реконструкција по земјотресот.
Повредени се двајца работници, од кои едниот потешко. Командантот на пожарникарите во Сисак, Мирослав Голуб, за РТЛ потврди дека излегле да интервенираат и дека операцијата е во тек.
Станува збор за ѕидот на куќата на Тушкан на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, кој е заштитен споменик на културата.
Истрагата е во тек.