Директорот на основното училиште „Мирослав Антиќ“ во Ниш денеска на работното место бил нападнат од родител чие дете го посетува училиштето, поради капијата што неодамна била поставена пред училишниот паркинг, пренесуваат српските медиуми.
Директорот бил физички нападнат од родител на еден од учениците поради капијата што училиштето ја поставило за да ја заштити безбедноста на 1.100 ученици.
Според написте мажот кој живеел во непосредна близина на училиштето тврдел дека капијата му го попречува паркирањето, па решил да го натера директорот да го отстрани.
– Човекот влезе во канцеларијата на директорот каде што бев и јас. Почна да навредува, да се заканува и да се жали на паркингот. Потоа фрли полно шише вода кон директорот, соборувајќи му го мониторот, упатувајќи му закани и навреди. После тоа дојде полиција и го однесе родителот, а брзата помош му помогна на директорот – изјавил училишниот стоматолог, очевидец инцидентот.
Директорот го потврди инцидентот, но, како што рече, не е овластен да го коментира.
– Според протоколот за вакви ситуации, се очекува да соопшти Министерството за образование – рече тој.
На прашањето како е, тој кратко рече дека е физички добро, но дека преживеал голем стрес.
Како што потврдуваат од полициската управа на Ниш, нападот во полиција го пријавило одговорното лице на тоа училиште и се утврдуваат сите околности на инцидентот.
За случајот е информирано и Основното јавно обвинителство Ниш.