Се огласи Русија за немирите во Косово

Се-огласи-Русија-за-немирите-во-Косово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ објави дека внимателно ја следи тензичната и политички опасна ситуација во Косово, каде што етничките Срби поставија барикади на патиштата, што предизвика вооружен конфликт со косовската полиција и четири лица беа убиени.


„Гледаме многу напната и потенцијално опасна ситуација на Косово и внимателно ја следиме“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Група вооружени локални Срби поставија патна барикада во близина на селото Бањска во неделата рано наутро, а потоа убија косовски полицаец од групата која дошла да интервенира. Во продолжението на конфликтот загинаа тројца Срби од Косово, кои во меѓувреме се забарикадираа во  манастир.

Иако конфликтот започна со поставување на барикади, српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини КФОР и косовскиот премиер Албин Курти за насилството.

„Барикадите требаше да ги отстрани КФОР бидејќи тие се задолжени за слободата на движење, а не косовската полиција“, рече Вучиќ.

Истовремено, тој ја отфрли одговорноста на официјален Белград за самоорганизирање на Србите, посочувајќи дека „тие се побунија затоа што повеќе не сакаат да го трпат теророт на Курти“. Тој ја обвини и меѓународната заедница дека му дала отворени раце на Курти и ја овозможила акцијата на косовската полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK