Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакетот санкции на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот кога требаше да стапат на сила рестриктивните мерки.
Претседателот Александар Вучиќ објави документ на Инстаграм за одложувањето и изјави дека „добиле дополнителни 30 дена за нафтената индустрија на Србија“. Како што изјави, ова е „добра вест за граѓаните на Србија“.
View this post on Instagram
Вучиќ во својата објава прикачи документ од американското Министерство за финансии со кој ја објавува одлуката.
Санкциите против НИС требаше да стапат во сила во 6 часот утринава. Србија побара одложување на санкциите за најмалку 90 дена.