Рама: Целосно сум фокусиран на ослободувањето на косовските полицајци, деескалацијата останува приоритет

rama
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево повторно реагираше поради апсењето на тројцата косовски полицајци, за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили во близина на границата со Србија, истакнувајќи дека КФОР нема да излезе со јавни заклучоци за локацијата на тројцата косовски полицајци, јави АТА.







Според истиот извор Рама наведува неколку точки кои ја „сумираат неговата и позицијата на Владата во однос на ситуацијата во Косово, прво фокусирајќи се на киднапирањето на полицајци“.

– И покрај различните тврдења за локацијата, тие мора да се вратат дома што е можно поскоро. Од вчера 100 отсто сме фокусирани на нивното ослободување, потенцира Рама.

Тој додаде дека „нема паралела меѓу тројцата полицајци и лицето со криминално досие, уапсено од косовската полиција на северот“.

– Деескалацијата останува приоритет над приоритетите и точките поставени од евроатлантската заедница мора да се исполнат час порано, нагласува Рама.

Претходно, денеска, шефот на државата Бајрам Бегај случајот со косовските полицајци го оцени како сериозен провокативен чин „кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион“.

Тој, како што наведе, упати братски повик до косовските власти да не потпаѓаат на провокации и да придонесат за деескалација на ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK