Пукање во бензинска пумпа во Црна Гора од возило во движење: избегната катастрофа

crnagora-benzinska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На бензиснката пумпа во Никшиќ синоќа дошло до пукање во која учествувале двајца мажи од тој град.



Полицијата во Никшиќ вчера ги уапсила И.П и Р.Р., поради сомнение дека испукале неколку истрели од полуавтоматска пушка, во објектот на бензинската пумпа во сопственост на М.З. во близина на градскиот парк, неофицијално дознава РТЦГ.

Откако биле испукани истрелите од возилото во движење, во една од помошните простории настанале искри, поради што биле активирани автоматските противпожарни апарати.

За среќа, пожарникарите на Никшиќ брзо пристигнале на терен, па била спречена потенцијална катастрофа.

Осомничените, кои, според РТЦГ, имаат историја на криминални активности, набргу биле фатени.

Не е познато што го предизвикало инцидентот, а наводно на пукањето му претходела расправија меѓу неколку лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK