Телата на четворица удавени лица се пронајдени во Врхпоље, откако чамецот се превртел рано утринава во Дрина.
Се претпоставува дека се работи за мигранти кои биле во чамецот кој се превртел утрово.
Удавениците биле забележани од припадници на Цивилната заштита кои заедно со своите колеги од Србија, РС и Босна и Херцеговина трагаат по исчезнатите.
Акцијата ја водат полициски екипи од двата брега на Дрина.