Приштински медиуми: Истрага за корупција против Доника Гервала и неколку други министри во Косово

kosovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работна група за борба против корупцијата во полицијата на Косово во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во владата меѓу кои и министерката за надворешни работи Доника Гервала и министерот за култура Хајрулах Чеку, јавија приштински медиуми.

Против министерот за финансии Хекуран Мурати се води истрага во врска со случајот со оштетување на просветните работници, кој е осомничен за незаконско задржување на платите за време на штрајкот. За тој случај е поднесена кривична пријава и ја истражува антикорупциската работна група, објавија Репортери и Телеграфи.


Мурати бил повикан од работната група да биде сослушан од истражителот како осомничен, што тој го одбил, барајќи да биде сослушан во неговиот кабинет. Истражителите на работната група не го прифатија барањето на Мурати.

Министерката за надворешни работи на привремените приштински институции Доника Гервала Шварц и нејзината заменичка Лиза Гаши се осомничени дека дале милион и 40.000 евра на швајцарскиот Каритас за да и доделат работа на невладината организација Гермин во која била Лиза Гаши директорка пред да стане заменик министерка. Досега на Каритас му се исплатени 344.000 евра, а со случајот се занимава и оперативната група за борба против корупцијата.

Министерот за локална самоуправа , Елберт Красниќи, е осомничен за злоупотреба на службената положба, бидејќи постои сомневање дека незаконски се потрошени 300.000 евра за проекти за малцинствата.

Министерката за економија и претприемништво Розета Хајдари, е следната министерка против која работната група ќе спроведе истрага, под сомнение дека ја злоупотребила службената должност злоупотребувајќи државни средства, во врска со набавката на брашно и масло, со што е оштетен буџетот.

Министерот за култура Хајрулах Чеку и уште неколку високи функционери на тоа министерство беа сослушани од оперативната група за борба против корупцијата поради сомневање дека министерството доделило договор за консултантски услуги вреден над 130.000 евра, при што локален архитект бил ангажиран како консултант за плата од 5.550 евра месечно.

Заменик министерот за инфраструктура Хисен Дурмиши е под истрага во врска со тендер од кој се повлекол по потпишувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK