Пожарот во Осиек е ставен под контрола.
Ширењето на пожарот во компанијата за преработка на пластика „Драва интернешнл“ повеќе не е загрозено, а од Владата ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа поради овој настан, изјавија челниците на округот и градската управа на Осиек, Анушиќ и Радиќ по посетата на местото на пожарот.
Гаснењето било напорно, а покрај речиси 200 хрватски пожарникари со 82 возила, на терен имало и бројни противпожарни екипи од Славонија, јавува Хрватската радио телевизија.
Во акцијата за гаснење на пожарот повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко.
Од штабот на цивилната заштита Осиек-Барања претходно изјавија дека благодарение на отстранувањето на запаливи материи и течности од просториите на претпријатието е спречена голема катастрофа.
Заменик-градоначалникот на Осиек и началник на штабот на Цивилната заштита Драган Вулин, изјави дека кога станува збор за квалитетот на воздухот и водата во Осиек, според податоците од претходниот ден, нема зголемување на вредноста на ниту еден вид честички.