Пожар во Коринт: огнот излезе од контрола, граѓаните добија итно предупредување

helikopter-avion-pozari-grcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем пожар избувна попладнево во шумската област во областа Коринт, Грција, а пламените јазици излегoa од контрола, пренесуваат регионалните медиуми.


Малку по 19 часот жителите во областа добиле итно СМС предупредување да бидат на штрек.

Во моментот на избувнувањето на пожарот испратени биле силни воздушни и копнени сили на противпожарната единица бидејќи се работи за многу силен пожар поради густата вегетација и релјефот на местото.

Во гаснењето учествувале 159 пожарникари и 49 возила, а од воздух до зајдисонце повремено биле достапни 19 авиони и 8 хеликоптери.

Поради овој пожар, министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас свика координативен состанок на кој учествуваат надлежните министерства и агенции, локалните власти и сите безбедносни сили.

„Важно е да се нагласи дека претстојат тешки времиња. Во секој случај избегнуваме дејствија кои можат да предизвикаат пожар“, потенцираше прес-претставникот на Противпожарната служба, Василис Ватракогианис.

Тој истакна и дека во последните 24 часа имало 50 шумски пожари, од кои 45 биле веднаш санирани, во почетна фаза, додека противпожарните бригади се уште гаснат пет пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK